Со здравје да си работат: Пендаровски постави нови амбасадори за пет земји

September 09
16:00
2022
Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на своите уставни надлежности,
денеска потпиша укази за поставување на должноста вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Словачката Република, во Канада,
во Кралството Норвешка, во Кралството Белгија и во Република Бугарија.
За амбасадор во Словачката Република е поставена Евгенија Илиева,

во Канада за амбасадор е поставен Агрон Буџаку,
додека во Кралството Норвешка за амбасадор е поставен Дритон Кучи.

Методија Белевски е поставен за амбасадор во Кралството Белгија,
додека за амбасадор во Република Бугарија е поставена Агнеза Руси Поповска. ИзворПрес24.