Сончевото време ќе почека, УXMP со нови најави за викендов

 Breaking News

Сончевото време ќе почека, УXMP со нови најави за викендов

Сончевото време ќе почека, УXMP со нови најави за викендов
April 03
07:22 2020

Денеска времето ќе е преку утрото студено, преку денот променливо облачно, во јужните делови со слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, особено изразен вдолж Повардарието.

Веќе за утре се очекува облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Пообилни врнежи ќе има во јужните делови. Ќе дува умерен, а во западните и крајните источни делови повремено засилен ветер од североисточен правец.

Додека пак за во сабота времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои ќе се задржат до недела претпладне. За време на викендот ќе дува умерен до засилен североисточен ветер.

Од понеделник следува период на сончево време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во значителен пораст. Во понеделник времето ќе е сончево со мала до умерена облачност. Утрото постудено, а преку денот потопло. Ќе дува умерен североисточен ветер.

Related Articles