Собранието денес ќе одлучува дали ќе остани министер Спасовски на МВР, интерпелацијата денеска пред пратениците

 Breaking News

Собранието денес ќе одлучува дали ќе остани министер Спасовски на МВР, интерпелацијата денеска пред пратениците

Собранието денес ќе одлучува дали ќе остани министер Спасовски на МВР, интерпелацијата денеска пред пратениците
February 25
08:22 2019

Републичкото Собрание денеска на продолжение на 86-та седница треба да расправа за интерпелација за работата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на барање на пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Закажана е и 88. седница на Парламентот, со расправа за Дополнетиот предлог закон за изменување и дополнување на Законот за судовите, во второ читање и дополнетите предлог закони за прекршоци и за управни спорови, исто така во второ читање.

Пратениците, меѓу останотото, на 86. треба да расправаат и за предлог-законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Северна Македонија и Владата на Романија за соработка во областа на образование, наука, култура, мас-медиуми, млади и спорт, предлог законите за услуги, за тутун, производи од тутун и сродни производи, за слободен пристап до информации од јавен карактер, за акцизите, сите во прво читање.

Дел од дневниот ред се и измените и дополнувањата на законите за јавен долг, за регистрирање на готовински плаќања, за ревизија, за вршење на сметководствени работи, за субвенционирање на станбен кредит, како и Предлог законот за прекинување на бременоста, во прво читање, Предлог законот за задолжување со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан,…

Related Articles