Следува формирање на Влада која ќе испорача резултати согласно волјата на граѓаните, велат од СДСМ

 Breaking News

Следува формирање на Влада која ќе испорача резултати согласно волјата на граѓаните, велат од СДСМ

Следува формирање на Влада која ќе испорача резултати согласно волјата на граѓаните, велат од СДСМ
July 27
09:52 2020

СДСМ е подготвена да работи уште повеќе и уште подобро и го испорача резултатот кој го очекуваат граѓаните.

Поддршката на предвремените парламентарни избори од граѓаните е ветер во грбот и јасен сигнал за продолжување на патот кој го трасиравме.

Парите да завршуваат кај граѓаните, да има правда, да бидеме дел од европското семејство.

Со победа на СДСМ и коалицијата, гаѓаните недвосмислено потврдија дека сакаат државата да продолжи напред. Нема повеќе враќање назад, нема повеќе режим, неизвесност и несигурност.

Граѓаните сакаат да живеат во економски напредна држава со европски вредности дома, држава во која законите се еднакви за сите и држава горда членка на НАТО и рамо до рамо еднаква со најмоќните земји во светот.

Следува формирање Влада предводена од СДСМ која ќе испорача резултати согласно волјата на граѓаните. – Се вели во соопштението на СДСМ за јавноста.

Related Articles