Славевски до власта: Не ја покачувајте вештачки минималната плата, нема да ги спречите младите да одат во Германија, не можете да се натпреварувате со платите во Германија

 Breaking News

September 13
19:23 2019

Жестока беше вечерашната дебата во емисијата Топ Тема на телевизија Телма каде гостуваа вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и професорот и член на Извшрниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славевски. Професорот Славевски му посочи на Анѓушев дека прави една фатална грешка, односно дека и покрај тоа што е професор и стопанственик тој не знае што значи човечки капитал.

Во однос на вештачкото зголемување на минималната плата, Славевски потенцира дека со зголемување од 2-3 илјади денари на минималната плата, Македонија нема да биде конкурентна со западните држава и нема да го спречи иселувањето на младите.

Господине Анѓушев тоа што сте и професор на технички науки и стопанственик не ви помогнале да не ја направите таа фатална грешка да не знаете што е човечки капитал. Овдека не убедувате дека се вложува во човечки капитал. Во човечки капитал не се вложува со зголемување од 2-3 илјади на платата.

Вие не можете да се натпреварувате со платите во Германија, што сега ќе зголемите за 50 евра и ова што кажувате дека ќе спречите младите или не знам кој да оди во Германија. Има голем број на други фактори и причини освен платата за одлуката на поединецот дали ќе остане во родното огниште, во домот во кој што може да му помогнат родителите или ќе оди некаде каде што во првата година ќе се разочара и ќе му е срам да се врати во земјата.

Коментари

Њуз24 се оградува од коментарите на содржините

Related Articles