Скопје и Тирана треба да се тpетираат одделно за пpеговорите со ЕУ, вели Блok

 Breaking News

Скопје и Тирана треба да се тpетираат одделно за пpеговорите со ЕУ, вели Блok

Скопје и Тирана треба да се тpетираат одделно за пpеговорите со ЕУ, вели Блok
September 30
07:38 2019

Холандскиот министер за надворешни работи Стеф Блок изјави дека Скопје и Тирана треба да се третираат одделно кога станува збор за започнување преговори со ЕУ.

Проширувањето е повторно на агендата во октомври. Среќен сум што одговорив на прашањата што ми беа поставени, но нема да има изненадувања бидејќи ставот е ист како што разговаравме пред летото. Верувам дека Северна Македонија и Албанија треба да се оценуваат одделно, затоа што тие се две различни земји со различни проблеми и различна прогноза. И порано кажав дека нивото на напредок во Македонија е поголемо отколку во Албанија, изјавил министерот Блок на седница на Комисијата за европски прашања, пренесува тиранската телевизија Топ чанел.

Според него, Албанија е друг случај кога се споредува со Македонија. Мислам дека Албанија ќе може да започне преговори веднаш штом ги исполни критериумите. Но, сеуште не е моментот, рекол Блок, пренесува Топ чанел.

Според телевизијата, Блок истакнал дека ставот на неговата земја ќе биде идентичен со оној пред летото, кога беше истакнато дека нема да има преговори за Албанија без да бидат исполнети условите од јуни 2018 година, а тоа значи дека Холандија ќе стави вето за Албанија на 18 октомври, независно од одлуката на германскиот Бундестаг.

Коментари

Њуз24 се оградува од коментарите на содржините

Related Articles