Сите сме Арбен: Пpoтecт пред седиштето на СДСМ поради разрешувањето на Зибери

 Breaking News

Сите сме Арбен: Пpoтecт пред седиштето на СДСМ поради разрешувањето на Зибери

Сите сме Арбен: Пpoтecт пред седиштето на СДСМ поради разрешувањето на Зибери
June 28
15:43 2020

Како што беше најавено дека денес пред седиштето на СДСМ во Скопје, со почеток во 14 часот, движењето Зошто да не и и Јас верувам ќе одржат мирен пpoтecт против разрешувањето на Арбен Зибери од страна на СДСМ, така и се случи.

Зибери, беше разрешен откако на Фејсбук објави дека како член на Комисијата за ЗБ дал придонес за отворање на границите, со цел граѓаните да дојдат и да гласаат за Албанец да биде избран за премиер.

Господине Заев, кажете ни само една причина за разрешувањето на д-р Зибери. Се што знаеме е дека тој направи одлична работа како директор на Центарот за јавно здравје, особено во време на корона-кризата, кога беше на првите редови во борбата против пандемијата.

Отпуштивте еден посветен и професионален државен службеник зашто тој го изрази своето мислење на Фејсбук, а зборувате за демократија и граѓански права.

Го сменивте и покрај неговите лојалност и професионалност. Кажете, ако веќе Арбен толку згрешил, зошто не одбравте еден од многуте албански здравствени експерти кои имаат исти вештини или можеби и подобри од новоназначениот директор на Центарот, Александар.

Господине Заев, јасно е дека вие целите на евтини македонски гласови, но од некој што ја води државата очекуваме морален интегритет, очекуваме чесност, очекуваме еднаквост.

Во 2016 година многу Албанци гласаа за СДСМ бидејќи ветивте еднаквост, ветивте општество за сите. Во 2016 година ние однапред ви ја дадовме довербата, ви ги дадовме нашите гласови.

Вие станавте премиер само заради албанските гласови, но од тоа ние не добивме ништо. Господине Заев, разочарани и гневни сме – порачаа присутните на протестот. Фото, скриншот, Лидер.

Related Articles