Сите вработени во здравство кои се од Куманово, а работат во други градови да се вратат дома во Кумановската болница

 Breaking News

April 04
07:04 2020

Синоќа премиерот Оливер Спасовски на својата фејсбук страница објави дел од мерките кои што ги одлучила Владата на 34-тата седница на Владата на РСМ.

Тој напиша дека Владата ја прифатила информацијата на Комисијата која препорачала сите вработени во здравствениот систем кои се од Куманово, а работат во други градови во државата, да се стават на располагање на болницата во Куманово.

Исто така на помош ќе има и од другите градови во регионот, Крива Паланка и Кратово, кои ќе бидат повлечени за да работат во Центарот за јавно здравје во Куманово.

Здравствениот персонал што ќе биде ангажиран како дополнителен, ќе работи најмногу 14 дена, а потоа ќе биде заменет со нов тим според систем на ротација.

Related Articles