Османи: Синоќа добивме убава вест, почнуваме со преговорите за влез во ЕУ

 Breaking News

Османи: Синоќа добивме убава вест, почнуваме со преговорите за влез во ЕУ

Османи: Синоќа добивме убава вест, почнуваме со преговорите за влез во ЕУ
March 19
11:20 2020

Видео објави и вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, тој денес кажа дека синоќа од Брисел стигнала добра вест, односно отпочнување на преговорите на Северна Македонија во ЕУ. Дозволете прво да соопштам една убава вест, односно доцна вечерта од Брисел добивме информација дека, во вакви невообичаени услови, претставниците на земјите членки постигнаа консензус за отпочнување на преговорите за Северна Македонија, едногласно сите 27 земји. Конечно после 15 години, после сите разлики, почнуваме со преговорите, рече Османи. Тој додаде дека почетокот на преговорите е безусловен, и дека сепак треба да се почека да добиеме и формална потврда. Видео од неговиот фб профил:

Related Articles