Синот на Катица Јанева oтkpива што барале Властите во нејзиниот дом, каде ја зеле гарнитурата, ќе дојде ден кога таа ќе каже што ѝ лежи на срце

адвокатот Лазар Јанев, Синот на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, , во интервју за А1он откри детали од процесот во случајот „Рекет“ во кој беше осу дена Јанева, оценувајќи дека пресудата била донесена без докази, како и дека како шефица на СЈО, неговата мајка трпела силни притисоци „од сите“.
Има што да каже, премногу собира за овој период, сметам дека има толку многу информации што едноставно може да експ лодира од нив.
Ми има кажано само дел. Има време, млада е уште, и да остане пресудата како што е, ќе дојде ден кога таа ќе каже што ѝ лежи на срце“, вели Лазар Јанев.
Тој раскажа за А1он за претресите во нивниот дом, следењето на нивните телефони, а се осврнува и на прашања поврзани со работата на Катица Јанева во сега згаснатото Специјално јавно обвинителство (СЈО).
Многу работи сега стануваат јасни“, вели тој. „Кај нас не дојдоа да ја бараат гарнитурата ниту, пак, милиони, туку друго. Кај нас се бараа прислушкувани разговори.
Првата наредба за претрес јас ја прочитав и пишуваше УСБ стикови, хард дискови. Имаше мала фонтана во дворот каде живееше мајка ми и во фонтаната се бараше.
Се бараа и во пералната, секаде се бараа. Истата работа се случи и по 40 дена, вели Јанев за А1он.
Дојдоа, бараа прислушкувани разговори и еден од истражителите пред мене се јави и претпоставувам дека разговараше со Вилма Русковска кога кажа ‘Јас најдовме тука е’, мислеше на гарнитурата која беше ишарана од нашата внука.
Ние ни на крај памет не помислвме на таква работа, вели Јанев за а1он.