Се отвораат ли по 15 мај кафулињата и рестораните, со раздвоени маси и 2 метри дистанца

 Breaking News

Се отвораат ли по 15 мај кафулињата и рестораните, со раздвоени маси и 2 метри дистанца

Се отвораат ли по 15 мај кафулињата и рестораните, со раздвоени маси и 2 метри дистанца
April 25
19:49 2020

ТВ21 јавува дека во понеделник угостителите ќе испратат барања до Владата за нивно вклучувања во врска со мерките и препораките по кои треба да се водат. Ова доаѓа по најавата за отварање на кафулињата и рестораните по 15 мај.

Се уште немаат насоки за тоа со колкав капацитет и на каков начин ќе работат. Како што јавува тв21, ако започнеме со работа сетоа тоа треба да има економска логика. Не е само да се започне да се работи, и да работиме и да генерираме уште дополнително приходи затоа што условите за работа се знае дека трошоците течат.

Ако работиме ние со 20 или 30 %од капацитетот а имаме 100 посто трошоци како и предходно тоа ќе биде проблем, рече Мартин Ангеловски, претставникот на Групацијата на угостители, пренесе тв21.

Љупчо Јаневски директор на агенцијата за туризам вели дека со олабавувањето на мерките чекор по чекор се надеваат дека по 15 мај со препораки на епидемиолозите ќе се отвараат угостителските места.

Related Articles