Се огласи Филипче: Cите пратеници треба да го поддржат договорот

July 14
13:27
2022
Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, пред целата македонска јавност и македонските пратеници, ги потврди сите факти околу процесот на започнување на преговорите со ЕУ и зачувувањето на македонскиот јазик и идентитет. Добиваме целосно заштитен македонскиот јазик, без никакви фусноти и додавки, целосно заштитен македонскиот идентитет и посебност, а од билатералните прашања нема да зависи отворањето и затворањето на поглавјата. Ова се клучни причини зошто сметам дека сите пратеници треба да го поддржат договорот. – Напиша Филипче на фејсбук: