Се огласи Филипче: Се надевам дека сe почесто ќе слушаме добри вести

 Breaking News

Се огласи Филипче: Се надевам дека сe почесто ќе слушаме добри вести

Се огласи Филипче: Се надевам дека сe почесто ќе слушаме добри вести
April 20
14:21 2020

Министерот за Здравство, Венко Филипче преку фејсбук статус се огласи на својата фејсбук страница, каде што во статусот тој напиша:

Добрите вести се предвесник дека овој тежок период има крај и заедно ќе успееме да надминеме. Се радувам за сите оздравени пациенти, за нивните семејства и најблиски. Се надевам дека сѐ почесто ќе слушаме добри вести.

Благодарност до целиот медицински персонал кој даде сѐ од себе да им помогне, како и до пациентите и нивните семејства за соработката, дисциплината и трпеливоста.

Инаку состојбата за изминатите 24 часа од Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 21 излекуван пациент – 16 од Скопје, 3 од Куманово и 2 од Штип, сите се лекуваа во домашни услови. Со ова до денеска, бројката на излекувани пациенти во земјата изнесува 200.

Во изминатите 24 часа потврдени се 18 нови случаи на коронавирус. И тоа по градови во Скопје-2 Куманово-9 Штип-2 Тетово-2 Велес-1 Гостивар-1 и Пехчево-1. Со ова денес, Пехчево се вбројува во мапата на градови.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 1225 , а последната дистрибуција по градови е:

Скопје – 411
Куманово – 338
Дебар – 51
Штип-34

Прилеп –117
Тетово – 57
Струга – 55
Велес – 59

Битола –17
Охрид –15
Кавадарци – 4
Гостивар –13

Гевгелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка-4
Радовиш – 4

Крушево – 3
Кочани – 27
Пробиштип – 2
Кичево – 2

Неготино -2
Демир Хисар – 1
Македонски Брод -2
Пехчево- 1

Во изминатото деноноќие направени се 263 теста. Преку ИЈЗ –252, преку Ветеринарен ф-тет -0, Авицена –0, Биотек –0, Филип Втори (Жан Митрев) –0 и Систина со PCR метода -11. Досега во земјата се направени вкупно 12133 тестирања на ковид -19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, примени се 3 пациенти од Скопје, Струга и Прилеп со средно-тешка и тешка состојба. Вкупно се хоспитализирани 56, од кои 18 се на кислородна поддршка, а 3 се на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 15 нови пациенти. Суспектни пациенти кои добија негативен резултат се префрлени на други оддели, па во моментов на одделот за ковид се хоспитализирани 34 потврдени и суспектни пациенти.

Со потешка клиничка слика се 9 пациенти, а 6 се на респираторна машина.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 14 пациенти потврдени и суспектни на ковид, а на домашно лекување се следат уште 15 пациенти.

Во штипската болница во мометов се лекуваат 5 ковид позитивни пациенти, сите во стабилна состојба, а на домашно лекување се следат 19 пациенти.

Related Articles