Се огласи Талат Џафери: Денес сум Украинец

Талат Џафери, Претседателот на Собранието на Македонија, денеска беше во посета на Украина, каде што ја посети Буча, место во кое за инаа голем број цивили.
Во продолжение следи целото обраќање на Џафери.

Моето искрено и најдлабоко сочу вство до децата, родителите, жените и мажите кои ги изг убија најм лите.
Денес сум Украинец.

Се извинувам за прекршувањето на протоколарната рамка почитуван претседателе на Украина, г. Зеленски и почитуван колега Стефанчук, но, онемен сум и за она што сакам да го кажам, доволна ми е една минута.

И покрај тоа што сум вој ник, и покрај свежите сеќавања од вој ните на Балканот.
Онемен и бес ен.

Бесен на човештвото што дозволи да сме неми сведоци на во јна за која што верувавме дека е дел од историјата.
Растревожен сум од бројот на гр обови чии леи не ги догледува човековото око, а видов само дел во Буча и Ирипин.

Бесен што светот нема доволно силен глас да и каже стоп на оваа безумна инвазија.

Во чест на загуб ените животи се обврзуваме да ви помогнеме и внимателно да слушаме како одново ќе го изградите разрушеното.
Искрено го почитувам времето за говор кое што ми е доделено од домаќините, па дозволете да го нагласам и следново:

Лично ќе се заложам за што поскоро усвојување на одлуки за помош и поддршка на Украина.
Фактот што сум во Украина, им дава уште поголема тежина на моите активности како претседател на законодавниот дом кој што е седиште на демократијата и институција во која се донесуваат клучни државни одлуки.

Почитувани, Усвојувањето на „Декларацијата за осуда на вое ните напади кои го загр озуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Украина“ на 3 март во нашето Собрание;
како и ко – спонзорирањето на резолуции и иницијативи кои бараат Русија веднаш да престане со употреба на си ла во Украина и да ја повлече својата во јска ја потврдуваат нашата цврста, недвосмислена и решителна поддршка и солидарност со украинскиот народ.

Република Северна Македонија ја поддржа и Одлуката за суспендирање на Русија од Советот на Европа. Дополнително, се приклучивме кон сите рестриктивни мерки и санкции на Европската унија кон Руската Федерација, иако не сме членка на ЕУ.

Овој акт на агре сија уште еднаш потврди колку е значајно проширувањето на Европската унија за безбе дноста, стабилноста и демократската консолидација на Европа.

Благодарност до сите борци за слобода во Украина што во во ени услови ни овозможија безбедно да допатуваме во Украина и што го делат лебот со нас.
Иако имам тешкотија да ве погледнам во очи, ќе ви посакам да сте силни и истрајни до слобода на Украина и украинскиот народ!

Ви благодарам на вниманието“, кажа Џафери.