Се огласи Регулаторна: Скопјани да не ја плаќаат последната сметка за парно, има грешка

 Breaking News

Се огласи Регулаторна: Скопјани да не ја плаќаат последната сметка за парно, има грешка

Се огласи Регулаторна: Скопјани да не ја плаќаат последната сметка за парно, има грешка
September 01
18:20 2022

Марко Бислимовски, Претседателот на Регулаторна комисија за енергетика,, денеска објави дека е побарано од БЕГ да ги сторнира сметките за парно греење за скопјани за август.

Наместо 15, биле поскапени за 40 отсто, а во нив не биле вкалкулирани државните субвенции

Изминатите два дена голем број на граѓани до РКЕ поднесуваат поплаки за 40 отсто поголеми сметки.

Во нив не е вкалкулирана субвенцијата која ја дава Владата и од тие причини имаме зголемени сметки.

Со цел да се избегне непријатната субвенција, РКЕ бара БЕГ да испрати нови сметки со вкалкулираната субвенција“, рече Бислимовски, Претседателот на Регулаторна комисија за енергетика.

За оние граѓани кои веќе ја платиле сметката, ќе има рефундирање на парите, односно, наредната сметка ќе им биде пониска.

Related Articles