Се огласи проф. д-р. Вело Марковски: Под итно кадровски да се освежи C3O, на раководните места да дојдат нови луѓе

 Breaking News

Се огласи проф. д-р. Вело Марковски: Под итно кадровски да се освежи C3O, на раководните места да дојдат нови луѓе

Се огласи проф. д-р. Вело Марковски: Под итно кадровски да се освежи C3O, на раководните места да дојдат нови луѓе
July 10
19:24 2020

C3O лидер во справување со инфективни бол ести или поли тичка организација:

10. Многу пати од C3O посочуваат дека на есен се очекува втор бран, сметате ли дека навистина може да се очекува вториот бран?

C3O многу пати за време на оваа пандмеија со КОВИД-19 не е нависина на задачата и улогата која им е наменета за лидерство и кординација во светот.

Поради низа контрадикторности од нивна страна (без разлика за дали е тоа поради малиот број на експерти во нивните редови или некоја друга причина) се изгуби довербата кон C3O и сигурно е на најсниско можно ниво досега.

Тоа само по себе не е добро, и во моментов сме без добар лидер во справување со пандемијата со КОВИД -19.

Вероватно во овие месеци ќе беше најдобро да не се блокира работата на C3O, туку под итно (веќе требаше да се направи) кадровски да се освежи, на раководните места да дојдат нови луѓе, и да се кооптираат поголем број на експерти од различни региони во светот.

Враќањето на довербата кон C3O е неопходна, само добар лидер ослободен од било какви сомнежи за бизнис инволвираност ќе помогне за справување со пандемијата со КОВИД-19.

Ова е мојот став за C3O на прашањето за порталот магазин.мк од интервјуто од 26.6.2010 година, а во истото највероватно поради немање простор одговрот на ова прашање не беше објавен.

Би сакал да споделам неколку мои размислувања за досегашната улога на C3O во справувањето со КОВИД-19.

C3O е основана од Обединетите нации во 1947 година со цел организирано и доктринарно справување со бо лестите во светот.

Неспорна е улогата на СЗО во справување или подобрување на состојбата со многу бо лести, состојби или појави кои влијаат на здравјето на човекот.

Инфективните бо лести се голем проблем за здавјето по човекот, и тука СЗО има забележителни резултати во ерадикација на некои бо лести (Вариола вера, полио, дифтерија…) и намалување на последици (морбили, беснило, тетанус, лепра, колера, туберкулоза…) Има бо лести за кои и покрај напорите нема постигнато успех.

Таков е примерот со маларија за која многупати C3O носи петгодишни планови за ерадикација на маларијата во светот, но досега нема успех.

Се чини најголем неуспех на стратегиите на C3O за справување со некоја бо
лест е справување со ХИВ/СИДА каде нема скоро никаков успех во намалување на бројот на новоинфицирани иако секоја година се двојат по околу 20 милјарди евра(долари) од страна на C3O за справување со оваа состојба во светот (околу 6.000 новоинфицирани дневно и исто толку умрени дневно во светот, на годишно ниво околу два милиона).

Во момнетов C3O брои околу 7.000 вработени, со моќни ресурси и големо влијание што ја прави една од најмоќните организации во светот.

Притоа барем за мене се нејасни механизмите на отчет и одгворност за сработеното потрошените средства, и уште поважно за последиците врз светското здравје и економија од преземените активности и предложените мерки на C3O (кои по правило се прифаќаат од сите држави).

Од почетоот на пандемијата со КОВИД -19 следиме бројни контрадикторни ставови од страна на C3O кои доведоа до недоверба кон нив а уште поважно, доведоа до зголемување на паниката кај населението во светот.

Последниот став од страна на C3O за прифаќање на петицијата од страна на 239 научници од светот за воздушно пренесување на вирусот на САРС-ков 2 само потврдува дека вакво C3O не може и нема капацитет да се избори со пандемијата со КОВИД-19.

Се отвараат бројни прашања. Прво, светот следејќи ги препораките на C3O (кои на моменти беа на ниво на закани) се наоѓа во една состојба во каква досега не се наоѓал, во сотојба на изолација, економски колапс со веќе потрошени милиони милјарди долари, и загуба на голем број на животи.

Сега C3O признава дека нивните препораки (дека вирусот се пренеусва на растојание од 1 метар, различно од ставот на ЦДЦ центарот дека вирусот се пренесува ан растојание од 2 метри) не биле базирани на научни докази туку биле нивна идеја, фикција, моментален одблесок.

Логично е сега сите држави да побараат одговорност и некаков вид на репарации од страна на C3O.

Второ ако петициите се решение на проблемот КОВИД-19, тогаш зошто не се прифатеше ставот на нобеловци за природата на вирусот.

Требаше ли ставовите на нобеловците да бидат поткренеи со петиција на пример од 564 научни работници.

Зошто на C3O му е потребна петиција за спроведување на стратегија (као што мене не ми е јасно зошто вработена во еден од центрите на C3O е главен кординатор на петицијата упатена до C3O).

Поради сево ова мислам дека на светот како никогаш досега му е потребен лидер за заедничко кординирано справување со пандемијата со КОВИД-19.

Создавање на нова организација е неможно за краток период, блокирањето на работата на C3O исто така ќе има катастрофални последици.

Како најбрзо и најквалитетно решение за мене е промена на одговрните и раководните луѓе во редовите на C3O со експерти од областа на респираторни инфекции, кои со вистински мерки, мерки базирани на досегашните утврдени научни ставови и правила ќе ја вратат довербата и ќе помогнат за што побезболно справување со КОВИД-19.
Вело Марковски

Related Articles