Се огласи поранешниот премиер Груевски: Денес се два празника, два големи празника

 Breaking News

Се огласи поранешниот премиер Груевски: Денес се два празника, два големи празника

Се огласи поранешниот премиер Груевски: Денес се два празника, два големи празника
May 24
15:56 2020

Се огласи поранешниот премиер Никола Груевски преку неговата фејсбук страница, тој напиша: Денес се два празника. Два големи празника.

Еден кај Христијаните и еден кај Муслиманите.

Денот на македонските и сесловенски просветители, светите браќа “Кирил и Методиј” кој оставија неизбришлива и вечна трага во нашето просветлување и напредок.

Светци кои имаат најдиректно учество и огромен удел во нашиот идентитет, писменост, образование и култура.

Денес е и Рамазан Бајрам. Најголемиот ден за празнување на Муслиманите.

Денес имаат причина сите да празнуваат и да си честитаат.

Религиите ни се различни.
Но, еден е Бог.

На овој значаен ден за сите, Бог нека ги уважи нашите најзначајни молитви за здравје, мир, слога, повеќе среќа и благосостојба во секој дом.

Честит Рамазан Бајрам на сите граѓани од исламска вероисповед.

Честит денот на светителите “Св. Кирил и Методиј” за сите христијани од Македонија.

Денешната радост и слава нека се преточи во трајна зголемена сплотеност, повеќе меѓусебно разбирање и помагање како и посилен заеднички напредок.

Related Articles