Се огласи Пендаровски: Нема потреба да прогласам вонредна состојба

 Breaking News

Се огласи Пендаровски: Нема потреба да прогласам вонредна состојба

Се огласи Пендаровски: Нема потреба да прогласам вонредна состојба
June 12
11:41 2020

Во овој момент нема потреба да прогласам нова вонредна состојба имајќи предвид дека се обезбедени доволни количини на медицинска и заштитна опрема и донесени се мерки за поддршка на националната економија. Претходните вонредни состојби ги прогласив поради потребата, во отсуство на парламент, владата да носи уредби со законска сила за да се избориме со пандемијата на #COVID19 и последиците од неа. Оваа одлука никако не е поврзана со одржувањето на предвремените парламентарни избори, кои може да се организираат и за време на вонредна состојба.

Related Articles