Се огласи Пендаровски: Браво за нашите културни амбасадори Атиџе, Тамара, Љубо, Атанас, Самир, Фејми и целата екипа

 Breaking News

February 10
16:30 2020

Очекувавме и се надевавме на оскар, тимот на #МеденаЗемја ги заслужи нашите честитки!
Двете номинации за #Оскари2020 е успех кој еден македонски филм го постигна за првпат.

„Медена земја“, оценета како врвно кинематографско остварување е културен производ со висока општествена вредност што испрати освестувачки пораки за заштитата на животната средина и овозможи промоција на земјава низ целиот свет.

Браво за нашите културни амбасадори Атиџе, Тамара, Љубо, Атанас, Самир, Фејми и целата екипа која неуморно работеше на филмот од неговото создавање, се до неговата промоција и глобално претставување. #Honeyland #Oscars2020 – Напиша на својата фејсбук страница, претседателот Пендаровски.

Related Articles