Се огласи Пандов: Hа пат накај дома, кога тргнав да ја преминувам железничката пруга, која патем речено е на дваесетина метри од мојот дом, слушам

 Breaking News

Се огласи Пандов: Hа пат накај дома, кога тргнав да ја преминувам железничката пруга, која патем речено е на дваесетина метри од мојот дом, слушам

Се огласи Пандов: Hа пат накај дома, кога тргнав да ја преминувам железничката пруга, која патем речено е на дваесетина метри од мојот дом, слушам
September 20
08:41 2020

Вечерва на пат накај дома, кога тргнав да ја преминувам железничката пруга, која патем речено е на дваесетина метри од мојот дом, слушам во темнината превртување на камења предизвикани од човечки чекори по пругите, како збрзано се приближуваат кон мене.

Во дел од секунда помислив, да не се гавазите заеви со боксирачи и шипки, но во истиот момент ја отфрлив таа опција свесен дека би избрале подобра ситуација да се тепаат со мене од насред пруги.

Крадци, повторно си велам не се, железничка пруга е, што мајка бараат па и они на неа.

Во истиот момент кога сфаќам дека се мигранти, од темницата слушам машки глас: Wi Fi, Wi Fi!

Јас на тоа одговарам: Of course!Како и што можете да видите од сликата подоле беа две момчиња, од Авганистан. Припаѓале на племето Паштуни.

Им велам, јас сум Александар од Македонија.

И нормално како што не дал Господ нас Македонците ги поканив во мојот двор каде заедно седнавме.

Веднаш им ја внесов лозинката од мојата интернет мрежа, а дополнителните батерии ги ставивме на полнење.

Додека тие зборуваа на нивните телефони, набрзина им направив сендвичи од крајчињата на лебот со путер, парче сирење и патлиџан. Им дадов по една флаша вода и неколку јаболка.

Додека јадеа ми кажаа дека се изгубиле со групата, па интернетот им бил неопходен за да можат да се слушнат и најдат со останатите.

Насмеани thank you, thank you, мислам сто пати ми рекоа.

На заминување се поздравивме и покрај искажаната желба за среќен пат од моја страна, јас им велам:

Ви ,,завидувам” и на двајцата што вие дојдени од Авганистан ќе влезете побрзо во Европа, од нас тука кои живееме во Македонија, која што као се наоѓа географски во Европа.

За момент зачудено ме погледнаа, но веќе во наредниот повторно на нивните лица се врати насмевка и поглед полн надежи за подобар и посреќен живот.

Related Articles