Се огласи Нина: 2 дена плачам, ова ми прв и последен пат да ја загрешам химната

 Breaking News

Се огласи Нина: 2 дена плачам, ова ми прв и последен пат да ја загрешам химната

Се огласи Нина: 2 дена плачам, ова ми прв и последен пат да ја загрешам химната
May 31
19:40 2021

Од 1.000 пати пеење на химната, ова ми е прв и последен пат да ја погрешам, рече Нина Јанева Николовски, која вчера за време на протестот на уставобранителите ја згреши македонската химна.

И таа како пејачката Тамара Тодевска кога настапуваше на настан во Американската амбасада, заборави да ја испее втората строфа:

Одново сега знамето се вее, на Крушевската република! Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански!“.

Ретко кој знае дека Ченто ми е најдобар другар.

Ги видов неговите родители во втор ред и борбата беше фокус меѓу текстот и солзите…

Патем, прв и последен пат грешам химна во животот, ама емоцијата е посилна од сѐ.

Фала на поддршката на сите, сите коментари држат вода и се оправдани.

Темата е многу чувствителна и оправдување нема!

Човек од месо и крв. 

Два дена плачам од разочараност од себеси.

Не знам што да кажам, оправдан е револтот од народот, но добивам огромна поддршка од целата дијаспора“, изјавила пејачката за „Женски магазин“, пишува Прес24.

Related Articles