Се огласи Никола Димитров за дипломатскиот ckандал: 3а време на мојата должност во МНР, службите постапиле законски и во рамки на своите надлежности

 Breaking News

Се огласи Никола Димитров за дипломатскиот ckандал: 3а време на мојата должност во МНР, службите постапиле законски и во рамки на своите надлежности

Се огласи Никола Димитров за дипломатскиот ckандал: 3а време на мојата должност во МНР, службите постапиле законски и во рамки на своите надлежности
September 05
20:41 2021

За разјаснување на дипломатскиот скандал и во интерес на точно информирање на јавноста, укажувам на следниве факти и информации за односниот дипломат:

Тој бил испратен во Мисијата на ОБСЕ во Виена во 2015 год., кога со МНР раководи друг министер. Неговото барање за продолжување на мандатот е одбиено од моја страна.

Во 2019 година во МНР се добиени првите индиции дека ќе се води истрага за постапки на односните вработени, меѓу кои и за овој дипломат.

Но, во тоа време немаше никаква информација за по ерница и секако немаше пресуда.

Сепак, МНР имајќи ја предвид истра гата и токму врз основа на овие индиции, не дозволи овие лица да бидат упатени на служба во странство.

МНР за најавената истрага написмено ги информираше безбедносните служби, кои меѓу другото се надлежни и за безбедн осни сертификати и проверки.

Согласно Законот, на дипломати во МНР не може да им биде поништена дипломатска патна исправа, освен при одземање на безбе дносен сертификат што е во надлежност на друга институција, односно престанок на работниот однос.

Потерни цата од Инте рпол е распишана во февруари 2020 год., долг период по враќањето на дипломатот од Виена и за тоа не е доставена информација до МНР во времето додека бев таму на должност.

Како и зошто сега бил упатен на служба токму тој дипломат и тоа во Мисијата при ОБСЕ, немам информации.

Од изнесениве факти, јасно се гледа дека за време на мојата должност во МНР, службите постапиле законски и во рамки на своите надлежности.

Меѓу другото, токму јас го имам искористено дискреционото право да не го испратам овој дипломат на служба, имајќи ја предвид неизвесноста околу истра гата.

Related Articles