Се огласи независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ – Упатија писмо до амбасадорката на САД со благодарност

 Breaking News

October 23
20:23 2019

Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ упати писмо до американската амбасадорка во земјава Кејт Мари Брнз во кое изразува благодарност за ратификацијата на Пристапниот протокол за НАТО од страна на Сенатот.

Во овие сензитивни моменти, моменти на едно разочарување од одлуката на Советот на ЕУ да не почнеме пристапни преговори, една ваква вест дека САД, наш силен стратешки партнер ни оддава признание и брза шанса за влез во Алијансата го враќа оптимизмот, но и дава сигурност дека нашата приказна ќе биде успешна, се вели во писмото.

Од пратеничката група упатуваат благодарност и до поранешниот американски амбасадор Џес Бејли и неговата заменичка Микаела Швајцер Блум.

Kои, како што се вели, несебично и гласно допринеле за унапредување на македонско-американското пријателство со поддршка на реформите во правосудството, заштитата на животната средина, можностите за младите, поддршка во образованието и на развивањето на демократските принципи. Извор: Прес24.

Related Articles