Се огласи министерот Наќе Чулев преку статус на фејсбук

 Breaking News

Се огласи министерот Наќе Чулев преку статус на фејсбук

Се огласи министерот Наќе Чулев преку статус на фејсбук
May 21
14:12 2020

Министерот за Внатрешни, Наќе Чулев пред еден час се огласи на социјалната мрежа преку статус. Во продолжение неговиот статус, интегрално:

Денешната изјава на Министерката за финансии Нина Ангеловска е уште еден доказ за негрижата на Владата предводена од Оливер Спасовски за вработените во Министерството за внатрешни работи. Министерката Ангеловска денес го кажа тоа што во суштина го мисли Оливер Спасовски.

Токму Оливер Спасовски во изминатиот период постојано потенцираше дека стандардот на полициските службеници е важен, но веројатно само кога тој е на чело на Министерството за внатрешни работи.

Грижата за нив и за нивните плати заврши во моментот кога тој замина од Министерството за внатрешни работи.

За Оливер Спасовски и министрите во Владата маргинален е фактот дека полициските службеници, деноноќно и неуморно застанаа во одбрана на здpaвјето на граѓаните на нашата држава.

Ги повикувам полициските синдикати јавно да се спротивстават на оваа одлука која Владата има намера да ја донесе, а која директно ќе нанесе штета на сите вработени во Министерството за внатрешни работи.

Јас како Министер за внатрешни работи сум исклучително благодарен и понатаму ќе се заложувам полициските службеници да ја добијат наградата која следува.

А во врска со денешната изјава на Министерката Ангеловска дека предлогот за кратење е доставен од моја страна, напоменувам дека до сега од буџетот на Министерството за внатрешни се скратени околу 5 милиони евра и кратењето е направено на барање на Министерството за финансии, а за потребите на ребалансот на буџетот.

Ова кратење го направивме во најголем дел од ставката капитални расходи и стоки и услуги за истото да има најмал негативен ефект врз вработените во Министерството за внатрешни работи.

Свесен сум дека пан демијата поврзана со коронавирус сериозно ги намали приходите во буџетот, но исто така убеден сум дека оваа награда е повеќе од заслужена и истата ќе влијае мотивирачки врз понатамошниот ангажман на полициските службеници поврзан со коронавирусот.

Related Articles