Се огласи министерката Тренчевска по средбата со СОНК: Ќе се формира работна група за нов Колективен договор

 Breaking News

May 12
19:44 2022

Јованка Тренчевска, Министерката за труд и социјална политика, денеска оствари средба со претседателот на СОНК:

Јаким Неделков, на која присуствуваа и претставници на синдикатот и Министерството за труд и социјална политика, пренесе Прес24.

На средбата се разговараше за барањата кои се дел од одлуката за штрајк на вработените во детските градинки, а за кои во изминатиот период не беше отворена дискусија.

Исто така, се отвори и прашањето за платите на вработените за време на штрајк.

На состанокот беше договорено дека дијалогот продолжува и оедно се договори следна средба на 17.мај со цел изнаоѓање на решенија во рамки на позитивните законски прописи.

Страните разговараа и за формирање на работна група за нов Колективен договор за предучилишните установи, чија важност истекува со месец јуни.

Новиот Колективен договор треба да понуди нови решенија кои ќе значат унапредување на предучилишното згрижување и воспитување. ИзворПрес24.

Related Articles