Се огласи Заев со видео: Ќе излеземе само посилни и поискусни од ова

 Breaking News

Се огласи Заев со видео: Ќе излеземе само посилни и поискусни од ова

Се огласи Заев со видео: Ќе излеземе само посилни и поискусни од ова
October 18
10:37 2019

Никој не може да ни ги одземе реформите и промените кои заедно ги постигнавме, а од оваа неизвесност ќе излеземе само посилни и поискусни. Ова го напиша премиерот Зоран Заев на Ферјсбук. – Никој не може да не спречи да продолжиме по патот по кој цврсто напредуваме – патот на раст на платите, патот на борба против корупцијата, сиромаштијата и загадувањето, патот на социјална заштита на ранливите, патот на градење институции кои се поткрепа на секој граѓанин. Почитувани граѓани, стануваме членка на НАТО, што беше наша стратешка цел од независноста до денес. Јасно е дека Балканот се промени и дека станува извор на стабилност. ЕУ добро го знае тоа и мора да прифати дека и Балканот е европски. Остануваме посветени и со работа докажуваме каде ни е местото, напиша Заев.

Related Articles