Се огласи Заев: Посакувам успешна реализација на Буџет 2022

Посакувам успешна реализација на Буџет2022, кој беше усвоен од Собранието.
Развојниот Буџет за 2022 година ќе обезбеди непречено финансирање на функциите на државата, но и силна финансиска поддршка за економско заздравување, забрзан и одржлив економски развој.
Капиталните инвестиции се предвидени на историско највисоко ниво од 38,2 милијарди денари и за првпат во последната деценија се повисоки од буџетскиот дефицит.
Развојната компонента на Буџетот се гледа токму, преку зголемените средствата за капитални расходи.
Нашите заложби како и досега се во насока на реализација на предвиденото.
Одлика на овој Буџет е дека парите на граѓаните ќе се искористат таму каде што даваат најголеми ефекти во остварување на целите за повисок квалитет на животот.
Со Буџетот се обезбедува навремена исплата на плати, пензии, социјални надоместоци, субвенции. – Напиша Заев на својата страница: