Се огласи Заев: Изборите ќе се случат на 5 јули

Лидерот на владејачката СДСМ, Зоран Заев доби прашање од новинар: Поради големиот број на за paзени во последните денови, дали се уште мислите дека е време за изборите да се случат што побрзо – Претседателот на СДСМ, Зоран Заев веднаш одговори:
Токму заради заштита на здравјето на граѓаните изборите се решение а датумот за нивното одржување се завршена работа. Тие ќе се случат на 5 јули, за да добиеме најбрзо што може функционално собрание и политичка влада.
Проблемите кои ги предизвикува Наќе Чулев мора да ги оставиме зад нас, а тоа е можно само со избори.
Не е одговорно државата да ја оставиме без парламент и со техничка влада во која опозицијата е настроена деструктивно и само гледа да заработи некаков пол итички поен.
Нема нови аргументи за економски мерки и со тоа нема ниту оправдување за нова вонредна состојба.
Во таква ситуација, изборите остануваат онака како што е пропишано согласно Уставот и законите тие да се одржат на 5 јули, 22 дена по завршување на вонредната состојба.
Очекувањата на граѓаните од сите нас се да останеме посвестени на здравјето но и на унапредување на економската состојба во државата.
Заштитната опрема, маска, марама, физичка дистанца, одржување лична хигиена се наше секојдневие и под соодветни заштитни протоколи можеме да организираме избори без никаков ризик по здравјето на кој било граѓанин.