Се огласи Заев: Градиме едно општество еднакво за сите

 Breaking News

Се огласи Заев: Градиме едно општество еднакво за сите

Се огласи Заев: Градиме едно општество еднакво за сите
May 21
17:59 2019

Националната стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот во Република Северна Македонија е исцртување на една од главните карактеристики и вредности на нашата земја. Светот веќе нѐ препознава по нашата определба да градиме и негуваме општество еднакво за сите, истовремено со почит кон социјалните, етничките, националните, верските и културните разлики како посебност и суштина на нашето заедништво. Различностите на нашето општество ги сметаме за наша предност. Од стратегијата ќе направиме жив инструмент за превенција од доминација на етноцентрична култура. Докажавме дека имаме политичка и општествена волја за решавање спорови. Можеме да докажеме дека умееме да бидеме модел и за успешно и функционално општество еднакво за сите. – Напиша премиерот Зоран Заев на својата фејсбук страница.

Коментари

Њуз24 се оградува од коментарите на содржините

Related Articles