Се огласи Груевски: Деновиве со задоволство ја примив веста дека мојата 14 годишна ќерка Анастасија, напишала песна за Блаже Конески

 Breaking News

Се огласи Груевски: Деновиве со задоволство ја примив веста дека мојата 14 годишна ќерка Анастасија, напишала песна за Блаже Конески

Се огласи Груевски: Деновиве со задоволство ја примив веста  дека мојата 14 годишна ќерка Анастасија, напишала песна за Блаже Конески
December 21
21:49 2021

1.Благодарам за секоја испратена честитка со искрени желби за мојот именден.Нека Св.Никола не заштити сите нас од бури и неп pавди.

2.Денес е 100 годишнината од раѓањето на Блаже Конески кој бил еден од кодификаторите на македонскиот литературен јазик, инаку истакнат македонски книжевен, поет, прозаист, есеист, книжевен историчар, јазичар , преведувач, професор и академик.

Малку е познато дека процесот на кодификација на македонскиот литературен јазик не се одвивал лесно и едноставно.

Имало големи тензии и притисоци заради отп орот за менување на јазикот од надлежните во Белград во тоа време во 1945 година, чија цел била истиот да биде поблизок до српскиот.

Сепак, во многу голем дел притисокот се издржал, со прифаќање на помали компромиси.

Во тоа време кога лесно се губела слободата или животот заради поли тички мотиви, тој отпор носел огромни p изици.

Не случајно покрај МАНУ се постави споменик на Блаже Конески во периодот кога бев премиер, кога самиот автор академик Томе Серафимовски одлучи тоа да биде негова донација.

Статуа на Блаже Конески се постави и на мостот на уметноста во строгиот центар на Скопје.

Деновиве со задоволство ја примив веста дека мојата 14 годишна ќерка Анастасија, напишала песна за Блаже Конески со која добила и прва награда на општинско ниво на училишен натпревар, каде како што ми објасни песните се поднесувале под шифра и комисијата кога ги отценувала не ги знаела имињата на децата – автори.

Подолу фотографија од школското пано каде е објавена прво наградената песна во рамките на одбележувањето на 100 години од раѓањето на Блаже Конески.

Related Articles