Се огласи Бранко Црвенковски, еве што вели поранешниот Премиер и Претседател

 Breaking News

Се огласи Бранко Црвенковски, еве што вели поранешниот Премиер и Претседател

Се огласи Бранко Црвенковски, еве што вели поранешниот Премиер и Претседател
September 27
20:34 2021

Како поранешен Премиер и Претседател на Република Македонија имам право но и обврска да проговорам, за тоа каде според мои согледувања се наоѓаме денес како држава и кои се политиките кои што треба да ги спроведуваме во иднина, истакна во својот говор поранешниот претседател Бранко Црвенковски на Свечениот научен собир во МАНУ на тема:

Современата македонска држава-две етапи во процесот на нејзиното формирање и развој:1941-1991/1991-2021 година“

„Се направија крупни грешки“, рече Црвенковски.

Со денешниве сознанија и искуства, со оваа памет, сигурно дека многу работи јас лично би ги направил сосема поинаку.

Но за жал, како во приватниот живот така и во политиката времеплов непостои.

Без разлика што ниедна од тогашните одлуки не беше донесена со лоши намери,туку верувајќи во тие и такви тогашни околности, дека се правилни, од денешен аспект гледано негативните последици мора да се признаат.

И за успесите кои беа постигнати но и за грешките кои беа направени во периодот додека бев Премиер носам целосна одговорност“, истакна поранешниот претседател.

Оцени дека станавме членка на НАТО, но заради позициите на Бугарија, како што рече, не можеме да ги отпочнеме преговорите со ЕУ.

Јас не би ставил знак на еднаквост помеѓу Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство и соработка со Бугарија од најмалку една причина.

Преспанскиот договор со Грција, кој јас не го сметам за добар, уште помалку за идеален, туку за избор на помалото зло, сепак затвори едно тешко отворено прашање.

Договорот со Бугарија, не само што не затвори ниту едно прашање, туку напротив, ја отвори Пандорината кутија и создаде основа за цела серија барања од страна на Бугарија, кои до таа мера задираат во нашиот национален идентитет и историја што компромис едноставно не е можен. Мантра која постојано ја слушаме од страна на актуелните политичари во нашата земја е:

Полноправното членство во ЕУ е нашата единствена опција за која не постои алтернатива. Не постои и воопшто не размислуваме за план Б.

Го поставувам прашањето, а што ако не заради нас, не затоа што ние не сакаме или не сме спремни да ги спроведуваме неопходните реформи и да ги исполнуваме неопходните критериуми, туку затоа што самата ЕУ реши да нема понатамошно проширување, на пример затоа што ваква каква што е со постојните членки е недоволно функционална и ефикасна, дека евентуално нови членки дополнително ќе го усложнат и онака премногу компликуваниот начин на одлучување и креирање на заеднички политики?

А такви размислувања во рамки на Унијата веќе има. Што во тој случај ќе правиме ние за кои не постои друга алтернатива?

Ќе се самоукинеме, ќе се самораспуштиме како држава? Или мора да најдеме алтернатива!“, нагласи Црвенковски.

Ако нашата главна идеја водилка е: „HAО ќе не брани, ЕУ ќе не храни“, тврдам дека ниту ќе се одбраниме, ниту ќе се нахраниме.

Зарем не е логично дека никој од надвор не може да биде повеќе заинтересиран од нас самите во каква држава ќе живееме и каква држава ќе оставиме на нашите деца и внуци“, беше потенцирано во говорот на поранешниот претседател.

Според Црвенковски, Македонија е корумпирана, внатрешно длабоко поделена и конфронтирана држава.

Во Македонија, како што додаде, не е можно да се изгради консензус околу ниту едно стратешки важно прашање.

Оценува дека, политичките партии меѓусебно не се гледаат како конкуренти, туку како непријатели кои треба да се уништат не бирајќи средства.

Изборите, смета Црвенковскии, без разлика од кој вид, не се третираат како фер натпревар кој е подобар, туку како гладијаторска борба во која победникот добива се, а поразениот ништо.

Јас сум длабоко уверен дека вака внатрешно конфронтирани, раскарани и замразени, неспособни ниту да седнеме на иста маса, а камоли за нешто да се договориме, немаме никакви шанси да ја направиме Македонија поуспешна, попросперитетна, посакувана во неа да се живее и во неа да се верува“, рече Црвенковски.

Нагласи дека Македонија е држава која живее на кредити, притоа потсетувајќи на изреката „кој живее на кредит, ум ира на рати“.

Да скратам, вака понатаму не може. Овој балон еден ден, порано или подоцна, ќе пукне, со сите катастрофални последици што од тоа ќе произлезат.

На Македонија и е ургентно потребна една национална платформа околу која ќе се постигне широк општествен консензус и ќе биде задолжителна за спроведување за сите, без разлика кој ќе биде власт а кој опозиција, се додека клучните работи не бидат доведени во ред“, нагласи Црвенковски. ИзворПрес24.

Related Articles