Се огласи Бранко Црвенковски: Договорот од Пpecпа е лош, а со Бугарија уште полош

 Breaking News

Се огласи Бранко Црвенковски: Договорот од Пpecпа е лош, а со Бугарија уште полош

Се огласи Бранко Црвенковски: Договорот од Пpecпа е лош, а со Бугарија уште полош
May 27
16:55 2022

По речиси осум месеци од последното појавување во јавноста и во пресрет на јунскиот еврпски совет, за кој иако очекувањата се песимистички сепак се уште кај дел од власта ги има,

поранешниот шеф на државата и владата Бранко Црвенковски е јасен и без ракавици со порака до власта, но и опозицијата –

да ги подготви граѓаните дека ветото од Бугарија ќе остане, а Македонија подолго време нема да ги почне преговорите со ЕУ.

Црвенковски до неговиот наследник во СДСМ Зоран Заев, договорот од Преспа е лош, но тој со Бугарија уште полош,

бидејќи ја отворил Пандорината кутија, а стапицата според него е формулацијата заедничка историја.

Тезата која се пласираше во јавноста дека за националниот идентитет не преговараме,

а за историјата ќе се договориме, во самата своја основа е апсурдна.

Секој и сечиј национален идентитет е резултат на историски процес кој се потпира на одредени историски меѓници, настани и личности.

Ако тие меѓници ви бидат одземени и прогласени за туѓи, од националниот идентитет не останува ништо освен празна реторика“

Според екс шефот на државата единственото можно решение за спорот е како што вели во „асиметрично“ толкување на историјата и идентитетските прашања –

односно секоја страна да си го задржи правото на сопствено видување и притоа тоа да не претставува никаква пречка во билатералните и мултилатералните односи. Сепакс о оглен ан бугарскире позиции,

ова е речиси невозможно.

Критики од Црвенковски и на адресата на шефот на дипломатијата, но и сите кои се вклучени во изборот на амбасадори.

Црвенковски се појави на дебата организирана од советот на поранешни амбасадори дел од нив и членови во дел од поранешните партиски комисии на СДСМ.

Последниот пат поолитичка бомба Црвенковски испрати токму на стратот на кампањата за локалните избори од МАНУ,

и на тогашниот лидер на СДСМ и премиер му порача дека балонот наречен очекувања од ЕУ ќе пукне. Извор24.мк.

Related Articles