Се огласи Бетмен: Човек кому не би му довериле ни кучето да ви го чува, а камо ли домот

 Breaking News

Се огласи Бетмен: Човек кому не би му довериле ни кучето да ви го чува, а камо ли домот

Се огласи Бетмен: Човек кому не би му довериле ни кучето да ви го чува, а камо ли домот
July 12
20:00 2020

Пријатели, Молкот никогаш не бил опција – па, ниту од утре. Но, пред формално да „замолчат“ кампањите, сакам да ве повикам да размислите.

Да размислите дали во следните години би дозволиле државата да ја води:

-човек чии членови на потесно семејство се сомничат дека делеле зелени картони за палење коли на опозиционери, односно црвени картони за бизниси кои не се дел од нивната шема;

-човек чиј соселанец, довчерашен директор, прима пари и ги бута во торба, додека пациентите кои треба да добијат пари од фондот чекаат на неговата проценка и милост (и не ја дочекуваат, често);

-човек чија заменичка оди на тајни седенки со обвинителка, веќе осудена, на кои многу веројатно се заговараат политички мотивирани обвиненија, кои би биле од полза на владеачката пap тија;

-човек за кого малцинствата не вредат пет пари;

-човек за кого коалиционите партнери се мета за мамоебение ;

-човек за кого судот и обвинителството се механизми преку кои ќе ја присилно манифестира својата политичка агенда;

-човек кој се колне во најмилото, па ла же;

-човек кој нема проблем да го прави сето погорно, се додека наоѓа плодна почва за продавање на својата приказна дека е голем реформатор и демократ;

-човек кој тргувал со судбини на луѓе за да реализира туѓи, противнародни желби;

-човек кој ла же дека не го познава адвокатот-посредник за милионски мешетарења со правосудски процеси, па после слушаме дека не само што го познава туку „влегува во игра“ за милионски профити врз грбот на невини, а обвинети и уценети луѓе…

Генерално, човек кому не би му довериле ни кучето да ви го чува, а камо ли домот.

Точно за тоа се работи. И моќта да го заокружите во круг на одговорност ја имате само вие. Моќта да одлучите да одговара за сите недела, потценувања и потсмевања со вашата чест, достоинство и интелигенција – ја имате само вие.

Не дозволувајте тупави семкари да одлучуваат за нашата иднина.

Одберете разумно, одберете паметно.

Комбинацијата е: на 15-ти јули, број 14.

Да живее Македонија!!!

Related Articles