Се огласија од Џевахир: Изнајмени се простории од 274м2 за кабинетот на Иванов, ова е цената

 Breaking News

Се огласија од Џевахир: Изнајмени се простории од 274м2 за кабинетот на Иванов, ова е цената

Се огласија од Џевахир: Изнајмени се простории од 274м2 за кабинетот на Иванов, ова е цената
May 13
16:13 2019

Изнајмени се простории во комплексот висококатници „Џевахир скај сити“ за кабинетот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, соопштија од компанијата.

Како што е соопштено, помеѓу компанијата Турмак АД – Подружница Скопје и Службата за општи и заеднички работи на Република Северна Македонија е склучен договор за закуп и користење на опремен службен простор за потребите на Кабинетот на поранешниот претседател на државата, Ѓорѓе Иванов.

Договорот е склучен во времетраење од една година и е во сопственост на компанијата Турмак.

Според договорот, месечниот закуп за 274 м2 деловен простор изнесува 1950 евра, наведуваат од компанијата.

Коментари

Њуз24 се оградува од коментарите на содржините

Related Articles