Се огласија од САД: Преговорите меѓу С.Македонија и ЕУ да започнат што е можно побргу

June 24
21:00
2022
Американската Влада излезе со став во однос на неизвесноста околу започнувањето на преговорите меѓу Северна Македонија и ЕУ за членство во Унијата, по неуспешниот Самит ЕУ-Западен Балкан во Брисел.

За Вашингтон, веродостојноста на перспективата за проширување на ЕУ е животно важна за стабилноста и просперитетот на Западен Балкан.

Сметаме дека кредибилитетот на перспективата на проширување на ЕУ е од животна важност за стабилноста и просперитеот на Западен Балкан, соопштија денеска за МИА од американскиот Стејт департмент.

САД укажуваат на тоа дека продолжува нивната поддршка за што е можно побрз почеток на пристапните преговори на ЕУ со Северна Македонија и Албанија. ИзворПрес24.