Се огласија од ИЈЗ, ќе прават 150 повеќе тестови дневно од досегашните, а со тоа бројката ќе достига и до 1000 на ден

 Breaking News

Се огласија од ИЈЗ, ќе прават 150 повеќе тестови дневно од досегашните, а со тоа бројката ќе достига и до 1000 на ден

Се огласија од ИЈЗ, ќе прават 150 повеќе тестови дневно од досегашните, а со тоа бројката ќе достига и до 1000 на ден
October 27
22:38 2020

Во Институтот за јавно здр авје од денеска, покрај постојното приемно одделение ќе функционира уште едно одделение за прием со лаборант и администратор со што ќе се забрза процедурата за земање тестови за Ко ви д-19.

На овој начин, ќе се растовари приемното одделение имајќи предвид дека пацие нтите кои доаѓаат за тестирање ќе бидат распределени на два пункта.

Пунктот работи секој ден од 7.30 до 14 часот за земање брисеви а од 18 до 20 часот за подигнување на резултатите.

Од Институтот информираат дека со отворањето на новиот пункт ќе се зголеми бројот на тестирања на дневно ниво и е предвидено дневно да се вршат до 1000 тестови, што е за околу 150 тестови повеќе во однос на досегашните.

Институтот располага со доволен број тестови за К ови д-19.

Епидемиолошката служба ќе биде ангажирана во две смени, а за таа цел ќе бидат креирани и дополнителни термини за тестирање во системот МојТермин.

Инаку, предвидено е да се обезбедат вкупно 350 дополнителни тестови, по 100 на дневно ниво во Центарот за јавно здр авје и во лаборат оријата во Козле, како и споменатите 150 во Институтот за јав но здра вје.

Со овие дополнителни тестови значително се зголемува капацитетот на тестирање и ќе може да се постигне дневна бројка и до 2000 тестирања во јавните здрав ствени установи. ИзворВлада.мк.

Related Articles