Се налути Џафери и му се развика на Мицевски: Седи ако не си за тeeпaње на свое место

 Breaking News

Се налути Џафери и му се развика на Мицевски: Седи ако не си за тeeпaње на свое место

Се налути Џафери и му се развика на Мицевски: Седи ако не си за тeeпaње на свое место
May 11
18:24 2022

Циркузи се случуваше за време на собраниската седница, кога координаторот на пратеничката група Никола Мицевски побара процедурално, но спикерот Талат Џафери не му дозволи.

Џафери побара да се гласа на дневен ред, иако претходно даде збор на двајца пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои не излегоа на говорницата.

Потоа се случуваше вистински хаос, а во еден момент Џафери му се развика на Мицевски.

Оди седи на твое место ако не си за теп ање“, му порача Џафери на Мицевски.

Не  допирајте ме, не напаѓајте ме“ реагираше Мицевски по што Џафери му рече:

Тргни се, оди си на говорница“. По ова Џафери го стави изминатиот дневен ред на гласање, а Мицевски реагираше:

Брука си, срамота, кој дневен ред“.

Додека се броеше гласањето на пратениците, Џафери му порача на Мицевски:

Правете што сакате да правите,  не доближувајте се до мене.

Што сакате правете, не  доближувајте се до мене“.

Пратеничката Дафина Стојаноска му рече на Џафери:

Не плашете се“, а тој констатираше:

За дневниот ред се изјаснија 61 пратеник. Против се 39 пратеници кои стојат овде“.

Мицевски остана на пултот кај Џафери да бара процедурално.

Оди седи на твое место ако не си за теп ање, оди на свое место ако не си за теп ање“, му рече Џафери на Мицевски.

На дофрлање од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои беа собрани околу Џафери, спикерот рече:

Немој бе, немој!“.

Сепак, Џафери констатираше дека 100 пратеници од кои 61 „за“, а 39 „против“.

Мицевски бараше процедурално да за се утврди бројот на пратеници, што Џафери го направи откако пратениците гласаа.

Може да сметате за диктатура, може за демократија, процедурата е таа. Уживајте демократија е ова, ова е словото. Деловникот “, порача Џафери.

Мицевски доби право на збор, излезе на говорницата, но неговиот микрофон беше исклучен. Тој реагираше: „Аман вклучете ме денеска“, по што беше вклучен.

Пред да го ставите дневниот ред на гласање, поминавте одлука дека членот 29 по барање на координаторот на ВМРО-ДПМНЕ.

Донесовте одлука за промена на член на Деловник.

Ова верувајте ќе се изучува како негативна практика на факултетот за право“, му рече Мицковски.

Врати и Џафери: „Нека се изучува и треба да се изучува“.

Јас тука барав јас да зборувам, не вие да дискутирате со мене.

Кога е бал нека е маскенбал, да тераме до сабајле“, му порача Мицевски.

На крајот по сите објаснувања, Џафери рече:

Граѓаните очекуваат Собранието да функционира и ќе функционира“. ИзворМакфакс.

Related Articles