Се зголемуваат платите за 2992 денари, започнувајчи од 01.10.2022 година за 280 вработени ЈП Градски паркинг Скопје

 Breaking News

Се зголемуваат платите за 2992 денари, започнувајчи од 01.10.2022 година за 280 вработени ЈП Градски паркинг Скопје

Се зголемуваат платите за 2992 денари, започнувајчи од 01.10.2022 година за 280 вработени ЈП Градски паркинг Скопје
September 13
19:51 2022

Последната одлука на Христовски пред да ѝ даде оставка на Арсовска: Покачување на платите на сите вработени

Директорот на Јавното претпријатие Градски Паркинг, Бојан Христовски кој денеска ѝ даде оставка на градоначалничката Данела Арсовска им ги покачи платите на 280 вработени. Ова е негова последна одлука пред да ја напушти функцијата.

Станува збор за линеарно зголемување на платите во износ од 2.992 денари, а одлуката станува во сила од 1 октомври.

На денешната седница Управниот одбор на ЈП Градски Паркинг – Скопје, донесе одлука за линерано зголемување на платата во износ од 2 992 денари, а одлуката ќе почне да се применува започнувајќи од 01.10.2022 година.

Оваа одлка е донесена по инцијатива на директорот Бојан Христовски и е усогласена со Синдикатот на претпријатието во текот на предходната седмица.

Од оваа одлука бенефит ќе имаат 280 вработени во претпријатието и е од значајна поддршка во време на досега најголемата економска криза и во услови на пораст на трошоците за живот.

На овој начин вработените ќе можат полесно да се соочат со предизвиците пред претстојниот тежок период за сите граѓани.

Пред се сакаме да искажеме голема благодарност за грижата за вработените во ЈП Градски Паркинг до директорот Бојан Христовски за неговото несебично залагање за правата на вработените и за неговата донесена одлука пред напуштањето на функцијата директор. – Се вели во соопштението:

Related Articles