Се вика Дениција, Бетмен и сопругата Анастасија добија ќерка

 Breaking News

Се вика Дениција, Бетмен и сопругата Анастасија добија ќерка

Се вика Дениција, Бетмен и сопругата Анастасија добија ќерка
July 25
07:13 2020

Пријатели, се роди Дениција!!!!
Станав татко, а Anastasija мајка на најпрекрасното девојче на светов и веков.

Двете се во одлична состојба. Јас во неопислива <3 Фала ви за добрата мисла и енергија! Напиша Богдан на неговиот фејсбук профил, каде во чест на ќерката Илиевски ја објави познатата песна ма Петре М. Андреевски, Кога ја љубев Дениција: Кога ја љубев Дениција, како да калемев светлина на мракот, како да топев снегови фатени во движење, како да станував единствен сведок за бакнежот меѓу металот и громот. Кога ја љубев Дениција, како да му пронајдував брзина и на каменот, како да ја одделував душата од телото, како да го палев барутот, на тилот од смилот и трендафилот. Кога ја љубев Дениција, како да внесував летен воздух во воздухот зимен, како да ги откривав сите рудници на злато, како да добивав телефонска врска со сонот од сите успани работници. Оти ја љубев Дениција, како што ги отворав пролетните аптеки, сместени во гласот од славејот, како што славејот ги спријателуваше небото и земјата, како што таа ми ја одземаше тежината, додека трчав кон неа, како што не можев да видам ништо освен неа, како што таа живееше додека јас уми paв, како што и јас не знаев како би ум peл, ако таа не се родеше. Кога ја љубев Дениција, како да учествував во создавањето на првата Македонска Држава.

Related Articles