Се ближи големиот празник Богородица, што не смее да се прави тој ден

 Breaking News

Се ближи големиот празник Богородица, што не смее да се прави тој ден

Се ближи големиот празник Богородица, што не смее да се прави тој ден
August 25
20:29 2019

Православната Црква на 28 август го празнува земниот крај на Пресвета Богородица и Нејзината cmpт ја нарекува Уcпение – раскошен термин кој во себе ги соединува сонот, блаженството, миpот, спокоjството и радоста.

Од повеќето празници посветени на пресвета Богородица овој е еден од најзначајните.

Затоа народот овој празник го нарекува уште и Голема Богородица.

Во македонските цркви и манастири можат да се сретнат прекрасни претстави на настанот што црквата го слави тој ден.

Обично се наоѓаат над влезната западна врата на црквата.

Инаку, самиот збор успение значи заспивање; поинаку кажано, не се слави cmpтта, туку вознесувањето на Богородица во небecните живеалишта.

Се слави нејзиното заспивање, бидејќи таа не помина низ cmpтта како враќање на правот на правот.

Веднаш по нејзината cmpт таа е земена на небото во Христовите прегратки, вознесена е заедно со телото и станува прв и најголем застапник на луѓето пред Бога.

Се верува дека ако на Голема Богородица жените се напијат вода со ронка боја од иконата на Богородица, тоа ќе им помогне да излечат многу болести, како и неплодност.

Не треба ни да се работи физичка работа, ниту пак да се работи во домот.

Именден на тој ден празнуваат: Марија, Мара, Марена, Марица, Марјан, Маријана…

Коментари

Њуз24 се оградува од коментарите на содржините

Related Articles