Седи во Македонија: Се затвораат сите гранични премини и аеродроми

 Breaking News

Седи во Македонија: Се затвораат сите гранични премини и аеродроми

Седи во Македонија: Се затвораат сите гранични премини и аеродроми
March 16
21:23 2020

Македонија наредниов период ќе функционира со затворени копнени гранични премини и аеродроми. Вечерва на седницата на Владата е донесена одлука и да се затворат сите гранични премини за премин на странски државјани и патници и возила освен за товарни возила, претставници на дипломатскиот кор и други лица со посебна дозвола.

Исто така донесена е одлука дека се затвора и Меѓународниот аеродром во Скопје, освен за државни, Boееноомедицински и празни летови по истекот на 48 часа од влегувањето на сила на оваа одлука.

Се прават напори сите наши државјани заглавени на границите во трети замји да се вратат во татковината. Овие товарни возила и лица ќе влезат во Македонија според посебни услови за заштита согласно протоколот на Министерството за здравство, кажа Венко Филипче.

Димитров го повтори апелот да не се патува без потреба бидејќи ситуацијата на границите се менува од час во час. Македонија сеуште нема Boнредна состојба како нашиот сосед Србија.

Related Articles