СДСМ вечерва: Донесовме одлука со која го поддржуваме процесот за отпочнување преговори со ЕУ

 Breaking News

СДСМ вечерва: Донесовме одлука со која го поддржуваме процесот за отпочнување преговори со ЕУ

СДСМ вечерва: Донесовме одлука со која го поддржуваме процесот за отпочнување преговори со ЕУ
July 11
22:10 2022

Централниот одбор на СДСМ донесе одлука со која го поддржа процесот за отпочнување преговори со ЕУ.

Со оваа одлука, Централниот одбор на СДСМ го поддржува процесот за отпочнување на преговорите за полноправно членство во ЕУ согласно

Предлог – преговарачката рамка за пристапни преговори со Унијата од последниот европски предлог од 30 Јуни 2022 година, предложен од претседателството на Франција.

СДСМ како државотворна партија останува цврсто кон определбата за безусловно почитување на јазичните,

идентитетските, историските и културните особености на Македонскиот народ, како елементи за кои не се преговара со ЕУ во ниту едни околности.

Овие определби и принципи СДСМ очекува да бидат поддржани од сите политички субјекти во Собранието преку носење на натамошни заклучоци за европскиот предлог, согласно собраниските процедури.

Во преговарачкиот процес, Владата, заедно со сите институции, и понатаму треба доследно да се придржуваат до Резолуцијата за македонските црвени линии усвоена од македонското Собрание. ИзворСДСМ.

Related Articles