Савески: Неколку факти околу зачленувањето во ЕУ што не ви ги кажуваат

 Breaking News

Савески: Неколку факти околу зачленувањето во ЕУ што не ви ги кажуваат

Савески: Неколку факти околу зачленувањето во ЕУ што не ви ги кажуваат
May 09
17:07 2019

Неколку факти околу зачленувањето во ЕУ што не ви ги кажуваат:

1) Во ЕУ се во пораст ретроградните десничарски сили поради кои не доаѓа предвид скорешно ново проширување на ЕУ, ниту со Македонија ниту со која било друга земја. Постојаното продолжување на процедурата за зачленување е најдобар показател за тоа отсуство на волја од страна на ЕУ.

2) Оттука, дури и Македонија да ги исполни сите критериуми за зачленување – нема да ја примат.

3) Да се биде членка на ЕУ не значи дека ќе дојде до значително подигнување на животниот стандард. Ниту веднаш ниту по 10, 20, 30 години. Дали во одредена земја-членка на ЕУ обичниот народ добро живее или не, не зависи од членувањето во ЕУ, туку од борбата на организираното работништво за подигање на социјалните стандарди во нивните земји. Тие стандарди се под удар од ЕУ, а не се толку високи поради членувањето во ЕУ.

4) Ако таа борба за повисоки социјални стандарди ја нема, и по 50-годишно членство во ЕУ нема да се стекнат социјалните стандарди што ги уживаат само неколку од земјите-членки на ЕУ.

Сликата за ЕУ не е исто што и реалноста на ЕУ.

Честит ден на победата над фашизмот!

Коментари

Њуз24 се оградува од коментарите на содржините

Related Articles