Речено сторено: ИВЗ денеска ги отвори џамиите

Денеска се отворија џамиите во земјава, откако минатата недела таква одлука на вонреден состанок донесе Исламската верска заедница (ИВЗ).
Состанокот на ИВЗ се погоди во ист дена кога имаше и масовна литија во Струга за празникот Св. Ѓорѓија, пред неколку денови.
Џамиите во земјава се затворени речиси два месеци откако кон средината на март поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи, соопшти дека нема да се одржуваат организирани молитви.
При носењето на одлуката за отворање, од ИВЗ наведоа дека се надеваат оти на таков чекор се одлучиле по подобрувањето на здравствената ситуација и се надеваат дека ќе наидат на разбирање кај државните институции, а посочија и дека уште од првите денови на пандемијата со ковид19 ги прифатиле препораките и сугестиите на државните здравствени власти.