Рекорд неделава: Нови 40 случаи на коронавирус, ова се градовите

 Breaking News

Рекорд неделава: Нови 40 случаи на коронавирус, ова се градовите

Рекорд неделава: Нови 40 случаи на коронавирус, ова се градовите
May 21
10:58 2020

Како што јавуваат од Министерството за Здравство, во изминатите 24 часа направени се 549 тестирања, а регистрирани се 40 нови случаи на коронавирус и тоа во следниве градови: Скопје-26, Куманово-1, Прилеп-1, Тетово-10, Велес-1, Битола-1.

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти во: Скопје-2, Штип-1, Прилеп-4, Велес-2, Кочани-2.

Вкупната бројка на коронавирус дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епи демијата изнесува 1898, бројката на оздравени пациенти е 1378, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 409. Последната дистрибуција по градови е:

Скопје – 673, активни 169 Куманово – 419, активни 23 Дебар – 51, активни 0 Штип-38, активни 3 Прилеп –204, активни 55.

Тетово – 161, активни 73 Струга – 71, активни 5 Велес – 127, активни 52 Битола –28, активни 9 Охрид –21, активни 6.

Кавадарци – 5, активни 0 Гостивар –21, активни 4 Гевгелија – 4, активни 0 Струмица – 3, активни 1 Крива Паланка- 6, активни 1.

Радовиш – 4, активни 0 Крушево – 3, активни 0 Кочани – 31, активни 1 Пробиштип – 2, активни 0 Кичево – 2, активни 0.

Неготино -9, активни 2 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија) Демир Хисар – 1, активни 0
Македонски Брод – 2, активни 0 Пехчево- 3, активни 1 Делчево-1, активни 0.

Валандово -1, активни 0 Виница – 3, активни 1 Кратово-2, активни 1 Свети Николе-1, активни 1 Берово-1, активни 1.

Направените 549 теста се преку: ИЈЗ –302, Ветеринарен ф-тет -25, Авицена –24, Биотек -36, Филип Втори (Жан Митрев) –42, Систина со PCR метода -26 и МАНУ -94. Досега во земјата се направени вкупно 23316 тестирања на коронавирус.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 209 теста се во рамките на скринингот. Денеска е потврден 1 позитивен случај-вработен во градинка во Скопје.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се 7 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 49 пациенти. На кислородна поддршка се 19, на механичка вентилација се 2 пациенти.
Во ГОБ 8 септември примени се 12 нови, а вкупно хоспитализирани 25 пациенти. На респиратор се 3, a со потешка клиничка слика се уште 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 7, на домашно лекување се следат уште 3 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 5 пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 45 пациенти, позитивни и сомнителни на коронавирус.

Related Articles