Регулаторната со големо поевтинување на горивата, бензините поевтинуваат за 3 денари, а дизелот за 2.5 денари

 Breaking News

June 11
12:31 2019

Од ноќеска на полноќ за три денари се намалија ЕУРОСУПЕР 95 и ЕУРОСУПЕР 98, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за два ипол денари, така одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Согласно оваа одлука, новата цена на ЕУРОСУПЕР 95 изнесува 66,50 ден/лит, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 69 ден/лит.

Малопродажната цена на дизелот е 60 ден/лит, додека на Екстра лесното масло за домаќинство изнесува 49,50 ден/лит.

Цената на мазутот се намали за 1,267 ден/кг така што неговата малопродажна цена сега изнесува 33,851 ден/кг.
Со оваа најнова одлука, се изврши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек
за 4,18 проценти.

Коментари

Њуз24 се оградува од коментарите на содржините

Related Articles