Расчистувањето на случајот Pekeт ќе ја собори Владата, вели Калајџиев

 Breaking News

Расчистувањето на случајот Pekeт ќе ја собори Владата, вели Калајџиев

Расчистувањето на случајот Pekeт ќе ја собори Владата, вели Калајџиев
October 06
22:22 2019

За жал меѓу политиката и правото се уште има испреплетени многу нишки – вели професорот на Правниот факултет во Скопје, Гордан Калајџиев во емисијата Детектор.

Мислам дека сериозните истраги во случајот „Рекет“ се закочени од страв да не падне конкретната власт. Бидејќи во моментов во Македонија мислам дека нема подготвеност не само за нови избори, туку и за техничка влада.

Едноставно, мислам дека безбедносната ситуација која што им е интерес на меѓународната заедница на некој начин ги кочи или не дозволува да се расчисти Рекет. Бидејќи претпоставувам дека расчистувањето на Рекет ќе ја собори Владата“ – вели Калајџиев за Детектор

Калајџиев смета дека аферата „Рекет“ е поврзана со преговорите за Законот за јавното обвинителство, односно дека доколку не се откриела оваа афера, веројатно до сега ќе бил решен и статусот на СЈО. Се уште не ми е јасно зошто судбината на СЈО се врзува со Катица Јанева. Зошто во Македонија не може да постои лице со интегритет кое што ќе дојде на нејзино место и зошто до денешен ден не е распишан конкурс за избор на нов специјален обвинител бидејќи законот важи“ – праша тој.

Коментари

Њуз24 се оградува од коментарите на содржините

Related Articles