Радосна вест за скопјани, ќе се гради Панорамско тркало но поевтино од тоа што требаше да се гради во Вардар

 Breaking News

Радосна вест за скопјани, ќе се гради Панорамско тркало но поевтино од тоа што требаше да се гради во Вардар

Радосна вест за скопјани, ќе се гради Панорамско тркало но поевтино од тоа што требаше да се гради во Вардар
November 27
20:40 2019

Советот на Град Скопје донесе одлука за проектирање на нов забавен парк. Во состав на паркот ќе биде проектирано и панорамско тркало, јавува Сител.

По жестока дебата меѓу советниците од власта и опозицијата, за оваа одлука раководителот на Секторот за планирање и уредување на просторот при Градот Скопје Никола Гаџовски рече ова тркало не било исто како тоа на Вардар.

Станува збор за тематски забавен парк кој ќе привлече многу туристи.

Панорамското тркало ќе биде многу поевтино од тоа што требаше да се гради во Вардар.

Во забавниот парк ќе има 20 нови реквизити, а ќе бидат вградени и тие што беа претходно набавени, рече Гаџовски, раководител за сектор за урбанизам.

Тој додаде дека за потребите на паркот, ќе бидат комплетно дислоцирани сите летни дискотеки.

Расправата беше по точките од дневниот ред Предлог – одлуката за проектирање, изградба на забавен парк, набавка на опрема-реквизити и нивно монтирање и Предлог – одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за изградба на забавен парк (Луна парк), набавка на реквизити и нивно монтирање.

Советниците на Град Скопје денеска меѓудругото расправаа и за Извештајот за извршување на буџетот на Град Скопје за 2019 година.

Градоначалникот Петре Шилегов истакна дека Извештајот, за извршување на буџетот на Град Скопје за 2019 година содржи и податоци по поединечни сметки, програми и потпрограми кои ги покриваат областите за кои Градот е надлежен,

посочувајќи дека податоците од минатото покажуваат дека извршувањето на Буџетот во овој период од годината го задржува релативно истото ниво на остварување во споредба со последните четири до пет години во приходниот дел, додека во расходниот дел бележи зголемување, пишува Сител.

Во периодот јануари – септември 2019 година вкупните приходи се остварени во износ од 3,37 милијарди денари, што претставува остварување од 51,7 отсто во однос на планот за 2019 година.

Приходите и понатаму ја одржуваат благо растечката динамика на остварување и споредено со истиот период од минатата година, бележат зголемување од 2,1 отсто.

Во структура на вкупно остварените приходи најголем процент на учество имаат: – даночните приходи 47 отсто, приходите од трансфери и донации 39 отсто, капиталните приходи 5,1 отсто и неданочни приходи со 8,7 отсто, рече Шилегов.

Шилегов најави дека во претстојниот период, ќе продолжат да вложуваат максимален труд, желба и напор да ги реализираат проектите за кои се заложиле и кои се од интерес на граѓаните, а во насока на развој на квалитетни и сеопфатни услуги за сите нас. Извор Сител.

Related Articles