Рада Манојловиќ не е единствената, уште една српска пејачка депортирана од Швајцарија

 Breaking News

Рада Манојловиќ не е единствената, уште една српска пејачка депортирана од Швајцарија

Рада Манојловиќ не е единствената, уште една српска пејачка депортирана од Швајцарија
November 06
15:09 2019

Деновиве популарната српска пејачка Рада Манојловиќ беше депортирана од Швајцарија во Србија. Таа беше задржана на аеродромот во Цирих, а бидејќи немаше работна виза не и беше дозволен престој и настап во земјата, туку беше вратена назад. Но, Манојловиќ не е единствената што поминала низ ова. Истото ова претходно и се случило и на Катарина Живковиќ, која после сегашниот инцидент проговори јавно и за нејзиниот случај. – Ме снајде истото како Рада, бидејќи немав работна виза. Се сеќавам дека ме однесоа во една просторија на аеродромот за луѓе кои чекаат да бидат депортирани. Бидејќи не сакав да бидам со другите, платив 100 долари за да бидам сама, како што ја нареков. Тоа е просторија што изгледа како спална соба, рече Катарина. Таа додаде дека кон неа не се однесувале непријатно, но самата ситуација за неа била одвратна и едвај чекала да се врати во Белград за да се истушира наспие како нормална личност.

Коментари

Њуз24 се оградува од коментарите на содржините

Related Articles