Проверете ги сметките, започна исплатата на пари од МојДДВ, поврат на 15% од данокот на додадената вредност

 Breaking News

Проверете ги сметките, започна исплатата на пари од МојДДВ, поврат на 15% од данокот на додадената вредност

Проверете ги сметките, започна исплатата на пари од МојДДВ, поврат на 15% од данокот на додадената вредност
December 06
11:18 2019

Од денеска Управата за јавни приходи започна со исплата на парични средства согласно Законот за враќање на дел од ДДВ кај физичките лица. Повратот од 15 отссто од ДДВ на трансакциските сметки на граѓаните кои се корисници на апликацијата МојДДВ, велат од УЈП, се префрла на сметките на граѓаните за првото тримесечје, односно за месеците јули, август и септември.

Досега е исплатен поврат кај 16.600 граѓани, а до крајот на наредната недела повратот ќе биде извршен кај сите граѓани кои ги скенирале фискалните сметки во првото тримесечје преку апликацијата МојДДВ, киоск апаратите и бар-код читачите во организационите единици на Управата за јавни приходи, соопшти УЈП.

Во првиот квартал од МојДДВ, се додава во соопштението, скенирани се 22.670.713 фискални сметки, остварен е вкупен промет во износ од 11.423.978.620 денари, со пресметан вкупен ДДВ во износ од 1.241.434.628 денари.

Повратот од 15 отсто е во висина од 186.215.194 денари. Од УЈП најавуваат дека ќе излезат со подетални информации по заокружувањето на целата исплата кај сите корисници на МојДДВ кои ги исполниле условите за поврат на 15 отсто од ДДВ.

Related Articles